Македонците најнесреќни, финците најсреќни! Еве кои се најсреќни во Европа

Традиционално, секоја година, овој период се појавува листа на држави кои се најсреќни во рамки на светот. И повторно, Македонија, е една од најнесреќните, или последна на листата по среќа.

Четири години по ред најсреќни се финците, а позади нив се наоѓаат данците, швајцарците, исланѓаните и норвежаните. Тука ги заокружуваме топ 5-те држави. На листата последна во Европа е Македонија и нашиот народ. Минатата година сме биле претпоследни, за оваа година да бидеме последни.

Далеку пред нас се наоѓа Бисна и Херцеговина, Србија, Хрватска, а Словенија е во топ 20 држави.

ШТО Е ОНА ШТО НЕ ПРАВИ НЕСРЕЌНИ?

Што е она што не прави несреќни. Според многу параметри е немаштијата, скапиот живот, корупцијата, политичката ситуација и нејзиното влијание кон луѓето. И навистина е така. Ние не можеме да мрднеме со години одо ова канцерогено ткиво на политички партии од сите блокови. Кога и да помислиме дека можеме да одиме напред, секога се појавува ДУИ, која како политичка опција, секогаш не враќа назад едно 20 години. Машина за корупција и нестабилност, кои во секоја ситуација кога нешто не им оди, знаат да кажат дека сме против албанците во Македонија.

Но, секој нормален знае дека не е тоа така. И македонците и албанците и турците и србите и бшњаците и сите други нации знаат дека ние имаме проблем со ДУИ. Имаме проблем и со останатите партии, деструктивни од македонскиот блок како СДСМ и ВМРО, но ДУИ е неприкосновен штетник.

Она што останува е да останеме да веруваме слепо дека нешто ќе се промени, а дотогаш, можеби антидепресиви ќе ни бидат од голема помош да бидеме среќни!

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.