Навистина поголемиот дел од нас кога ќе станеме наутро се чуствуваме дезориентирано и некогаш ни треба подолг период да се расониме. Овој проблем го имаат сите оние кои не се ранобудници и легнуваат во 10 навечер. Многу е важно да го прилагодиме нашиот ритам без разлика на тоа колку тоа може да ви биде напорно.
Затоа многу од успешните луѓе имат наутро рутина кога стануваат. Тие утрата ги започнуваат со одредена рутина која потоа им овозможува да бидат попродуктивни и секако не го губат времето наутро.
ајдобриот начин за тоа да се спремите за утрото уште претходната вечер.
Спреми ги состојките кои ти се потребни за утринскиот пијалок
Ако секое утро пиете кафе, чај или некој друг пијалок, најдобро е да ги спремите состојките уште вечерта со цел кога ќе станете да не лутате и да не ги барате состојките. Ако ова го правите секојдневно, или имате некоја друга рутина, таа ќе ве смири и ќе ви овозможи да функционирате без размислување.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Совети за подобра исхрана