Мате Римац, човекот кој има невиден претприемнички дух и кој направи империја на Балканот

Мате Римац, човекот кој е најуспешен млад претприемач на Балканот, но и човек кој е респектиран насекаде низ светот. На само 32 години успеа да направи име и имиџ на балканскиот Илон Маск. Ако се прашуваме ние неговата харизма и енергија не тера да бидеме подобри, да бидеме уште повеќе активни. И добро е да има вакви примери од регионот, кои ќе бидат мотив за сите нас. Мате Римац е сопственик на Rimac Automobili, компанија што произведува супербрзи електрични автомобили.

Мате Римац е роден во 1988 година во Босна и Херцеговина. Уште како дете се сели во германија за во 2000 година да се врати во Хрватска. Во последната година од своето образование, Мате успева да развие ракавица која што има исти команди како и тастатура за компјутер, со што го покажува својот талент и дух за иновации, и за сето тоа добива награди.

Неговиот почеток во светот на електричните автомобили е уште на негови 18 години кога на својот стар автомобил БМВ вградува електричен мотор, со делови кои ги набавува преку интернет. Така тој одлучува да навлезе комплетно во светот на развивање на електрични автомобили.

Компанијата Ромац ја основа во 2009 година. На почетокот има околу 20-на вработени, за денеска да има повеќе од 400 вработени. Првиот впечаток во светската јавност го добива во 2011 година на саемот за автомобили во Франкфурт, кога го претставува својот прв концепт.

Мате таа година најавува сериско производство за 2013 година, по почетна цена од 980.000 долари лимитирана продажба од 88 автомобили. До денес, Римац испорача шест милиони примероци и дополнителни два од модифицираниот Concept S. Оваа година серијата на автомобили која е лимитирана е речиси купена, а автомобилите чинат околу 2.1 милиони евра.

Подоцна во компанијата купуваат акции Порше групацијата и Хјундаи, за тој оваа година да го откупи Бугати од Порше и да стане мнозински сопственик со 55% од акциите.

Инаку, Мате Римац го носи приматот на еден од најбогатите луѓе во Хрватска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.