Машки правила: Кој е најдобриот начин за бричење?

Најдобриот период за да започнете со бричењето е после туширањето. Топлата вода и пареата ќе направат да се отворат порите и на тој начин брадата станува помека, а тоа ќе овозможи сечилото на жилетот многу лесно да се движи по кожата и да не дојде до печење.

Ако имате доста чуствителна кожа, маслото пред бричење е добро решение, но не е неопходно за секого.

Трудете се да користите гелови и креми за бриење и отфрлете ја пената бидејќи таа ја суши вашата кожа.

Едно од поважните прашања кои сите ние си ги поставуваме е во кој правец да се движиме со бричот кога се бричиме… Бричењето во спротивен правец на влакната е добро и треба да го применувате, бидејќи тоа го зацврстува влакното на вашето лице.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.