Денеска мажите се повеќе и повеќе се концетрираат на својот изглед и на впечатокот кој ќе го остават. Дефинитивно една од најважните работи е добриот изглед, а за тоа да го постигнеме треба да се сакаме самите себе си. Во последните неколку години се појавија различни трендови во машкиот свет. Некои ги прифаќаме, а некои не.
Сепак, трендовите се менуваат со огромна брзина и понекогаш е доста тешко да ги следиме. Затоа доколку не сте во чекор со трендовите, ние денеска ќе ви ги одвоиме оние најатрактивните кога станува збор за машката нега и одржување.
Хипстер во бело
Еден од трендовите е да ги правиме нашата брада и коса во боја. Дали и вие сте спремни да експериментирате со боите? Немојте да се плашите, а денеска ќе ви претставиме и зошто. Белата брада е актуелен хит кај голем број на мажи низ светот.

MADISON AVENUE CUT
Класичен италијански стил, каде што косата ја носиме на страна. Овој тип на фризура ви дава веднаш изглед на добро момче и модерен господин.

Јулиус Цезар фризура
Овој тип на фризура постои повеќе од 2000 години, благодарение на Јулиус Цезар кој бил првиот кој ја направил оваа фризура. Не многу долга коса, која целата ја носите нанапред. Станува збор за една навистина специфична фризура која одлично прилега на младите дечки.
