Митови за косата и бричењето

Сите мажи во својот живот се плашат да не останат ќелави. Тоа е факт, но да ли знаеме што придонесува за опаѓање на косата, или пак за седата коса? Еве неколку митови кои мора да ги прочитате.

1. Стресот влијае на побелување

Ако мислите дека стресот влијае на побелувањр на вашата коса можеби сте во право, но стрес и опаѓање на косата не. Ќелавоста е стриктно поврзана со генетиката.

2. Честото миење е лошо за косата

Професионалците препорачуваат да не се мие косата секој ден. Така се губи природното масло што го има влакното и ја прави премногу сува и оштетена.

3. Бричењето прави влакната да растат побрзо.

Ова е мит кој е тотално неточен. Растот на влакната не можеме да го контролираме и не зависи од нас.

4. Луѓето веруваат дека бричењето ве прави побрз пливач

Можеби, доколку сте Мајкл Флебс, кој плива побрзо за милисекунда доколку нема влакна на него. Но, дали ова на вас би ви направило разлика?

5. Носењето капи влијае на опаѓање на косата

Делумно точно. Но, не се причина капите, туку тие предизвикуваат кршење на влакната и оштетување на фоликулите.

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и кои се најголемите причини за гибење на самодовербата кај мажите

Leave a Reply

Your email address will not be published.