Често зборуваме, дали дождот влијае на нашето расположение или не. Ако често зборуваме за времето и временските услови, истражувањата покажуваат дека не ни е грижа толку многу за времето. Барем не толку колку што мислиме. Без разлика дали е сонце или дожд, без разлика дали е топло или студено, со или без ветер, никој навистина не размислува за времето во текот на работните денови.
Податоците презентирани на конференцијата на Кралската економска асоцијација го урнаа ставот дека лошото време негативно влијае на нашето расположение. Анализата покажа дека луѓето се почесто нервозни кога времето е сончево затоа што тие мора да поминат убав ден во канцеларија или друго работно место. Сепак, тоа влијание е толку мало што е занемарливо.
Д-р Френсис Буш, од Универзитетот во Вестминстер, спроведе истражување врз основа на податоци од временски интервал од 17 години, во кои учествуваа околу 10,000 луѓе.
“Верувањето дека доброто време го подобрува расположението не е заклучок што може да се извлече од моето истражување. Британците секојдневно доживуваат големи временски промени, но зголемувањето и паѓањето на температурите, како и дождот, не влијаат на нивното расположение.”
Всушност, луѓето се повеќе расположени ако имаат прекрасен ден во канцеларија или на работа. Д-р Буш пресмета дека 10 часа добро време може да го расипе расположението за само 1 процент. И сега, мислите дека дождот влијае на нашето расположение?
ФОТО: Unsplash
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Мажите кои имаат убави жени се посреќни