Моден водич за мажите кои се во 40-тите години

Дали знаете кој е Алесандро Скварци? Тој е италијански претприемач во модната индустрија, извидник на таленти и еден од најфотографираните мажи по кој е познат по неговиот уникатен италијански стил. Неговата активност во модниот бизнис започнала во 90-тите години. Прво започнал како менаџер на бутици, а потоа трговскиот експерт, Скварци ја култивира својата страст кон модните производи. Не е само брилијантен продавач, туку тој го разбира пред другите, потенцијалот на некои добро познати брендови.

Од раните 2000-ти години, тој е креатор на разни брендови и го одржува нивниот голем успех на пазарот низ целиот свет. Помеѓу 2011 и 2013 година Алесандро создава три нови брендови, Фортела, АС65 и Атлантик.

Тој важи за голем љубител на безвременските работи. Алесандро е еден од најголемите италијански колекционери на стари автомобили и мотоцикли. Иако веќе е навлезен во неговите 50-ти години, тој е познато лице во модниот свет и со гордост покажува дека годините не ни можат ништо, доколку водиме грижа. Тој е само доказ дека со годините, стилот останува, и дека треба да останеме да бидеме онакви какви што сме. Ова е совет за сите мажи кои влегуваат во категорија 40+.

Неговиот профил на Инстаграм (instagram.com/alessandrosquarzi) секојдневно го следат илјадници следбеници ширум светот кои го избраа за икона во модниот свет. Алесандро Скварци не само што се смета за икона, туку тој се смета и како вистински промотер на италијански начин на живот.

ФОТО: Instagram

Leave a Reply

Your email address will not be published.