Модерниот џентлмен или џентлмените на денешницата, немаат некоја посебна карактеристика која ги прави различни од оние традиционалните џентлмени. Барем така треба да биде, освен секако што живеат во едно различно време, време на технологија, време кое е динамично и брзо, време во кое нема застанување.
Според нас секој модерен џентлмен треба да ги исполнува следниве каратеристики:
(1) Урбаниот џентлмен секогаш внимава на својот изглед.Џентлменот е добро облечен, внимава на сите детали и секогаш изгледа најдобро што може.
(2) Урбаниот џентлмен чита, секогаш е информиран и во тек со случувањата. Модерниот џентлмен е во тек со светот, со културата и светската политика.
(3) Урбаниот џентелмен работи. Тој е вреден и посветен, ја сака својата работа, работи страствено и активно допринесува кон светот.
(4) Урбаниот џентлмен знае да готви. Џентлменот знае да избере добри состојки и да направи најмалку 3 добри јадења. Тој знае да одбере добро вино, ужива да готви за пријателите, но најмногу кога тоа го прави за својата дама.
(5) Џентлменот не ги заборава старите правила на џентлменство. Иако живее во модерно време, џентлменот знае дека негов најголем адут се старите добри манири. Вистинскиот џентлмен знае да избере и да и подари цвеќе на својата девојка и на својата мајка и е секогаш културен со сите.
(6) Урбаниот џентлмен останува верен на своето хоби и страст.Модерниот џентлмен е секогаш „исполнет“. Тој е посветен на своето хоби и го прави добро. Иако ужива во својата работа, ги разбира тежините кои доаѓаат со истата – затоа неговото хоби е неговиот издувен вентил.
ФОТО: Rake
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Петтата генерација на Range Rover пристигна