Патот од буцкаст тинејџер до Давид Ганди, сигурно не бил лесен. Станува збор за 40 годишниот модел кој е препознатлив во светот на модата и кој е секогаш добро облечен и скоцкан. Неговиот пат до успехот бил навистина тежок. Тој како мал бил едно буцкасто дете кое било доста срамежливо, а денеска важи за еден од најголемите џентлмени и модни икони во светот. Откако се здоби со репутација за неговиот личен стил, Ганди почнал да пишува блог за британски Vogue и написи за стил и начин на живот за Telegraph Men.
Тој, исто така, има свои две мобилни апликации: една за физичка кондиција, а другата за модни совети. Во 2014 година, стана заштитно лице и креираше своја долна облека под брендот Marks & Spencer, која стана една од најпродаваните линии за облека на компанијата. Ганди беше постојано вклучен во листата на “Најдобри облечени мажи” на британската GQ и беше прогласен за “Најмодерниот човек на годината” во 2015 година на изборот на Мажи на годината.
Еве неколку совети од него за подобар живот кои вреди да се прочитаат.
ТРЕНИНГ
Ако можете да одвоите неколку дена за во теретана, немојте да се мислите. Одвојте.
ИСХРАНА
Најголемиот непријател на Ганди е празниот фрижидер. Така ќе немате што да јадете и ќе треба да нарачате брза храна. Сепак Ганди се држи што подалеку од тоа.
ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД ВАШЕТО ЕГО
Ганди бил на голем број на интервјуа за работа и знае како да се справи со стресот кој тие го носат. Се што треба да направите е да оставите добар впечаток во само неколку минути, што не изгледа баш лесно. Еден од начините да се покажете во вистинско светло е да бидете скромен и природен, бидејќи ако сакате да ги изненадите работодавците со вашите супер инстинкти, често може да згрешите.
ВЕРУВАЈТЕ НА СВОИТЕ ИНСТИНКТИ
Ганди се држи многу до британскиот традиционален стил. Тој верува во своите инстинкти и не може да подлегне на новите стилови. Знаеме дека модата се менува со брзо темпо, но на врвот може да дојдете само ако се фокусирате на долгорочните цели.