Модните брендови повредни од технолошките компании… Еве ги највредните лускузни брендови во светот!

Консултантската фирма Интербренд, дел од американската групација Омником, објави список на најсилните светски брендови. На списокот се открива дека втора година по ред, луксузот и модата го сочинуваат секторот најбрзорастечки – надминувајќи ја дури и технологијата – со просечна стапка на раст од 11%.

Најпопуларниот и најсилниот луксузен бренд во светот е Луи Витон, со проценета вредност од 32.223 милијарди долари, што е за 14% повеќе во однос на минатата година. Покрај тоа, Гучи е забележан како најбрзорастечки луксузен бренд во светот, со стапка на раст од 23%.

9. Прада – Проценетата вредност на брендот е 4,778 милијарди долари. Овој бренд се рангираше на 100-то место во вкупниот список на врвни светски брендови во 2019 година во сите индустрии.

8. Бурбери – проценета вредност на брендот од 5,205 милијарди американски долари, што претставува зголемување од 4 %. Овој бренд се рангираше на 96-то место на листата на најдобри светски брендови во 2019 година во сите индустрии.

7. Тифани и Ко. – Се рангираше на 94-то место на листата на најдобри светски брендови во 2019 година во сите индустрии. Има проценета вредност од 5,335 милијарди американски долари, но и стапка на раст од -5% во однос на вредноста на компанијата во 2018 година, кога се најде на 83-то место меѓу сите глобални брендови.

6. Диор, рангирана на 82-то место меѓу глобалните брендови во сите сектори оваа година, има проценета вредност од 6.045 милијарди американски долари, што е за 16% повеќе.

5. Картие – Иако Картие падна на едно место во генералниот пласман (од 67-та во 2018 година на 68-та оваа година), растот на компанијата не се намали.

4. Гучи – 33-та највредна глобална марка во сите сектори, со проценета вредност од 15.949 милијарди американски долари и стапка на раст од 23%, што ја прави најбрзорастечката луксузна марка.

3. Хермес – се рангираше на 28-то место на листата на највредните брендови во светот, со проценета вредност на брендот од 17,92 милијарди долари, што претставува раст од 9%.

2. Шанел – број 22 на списокот со највредни брендови ширум светот, проценети во вредност од 22.134 милијарди американски долари, со пораст од 11%.

1. Луи Витон – проценета вредност на брендот од 32.223 милијарди американски долари со раст од 14%. Затоа Луј Витон е највредниот луксузен бренд во светот и исто така 17-ти највреден бренд во светот во сите сектори.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Погледнете кои се брендови ќе ги има во Ист Гејт

Leave a Reply

Your email address will not be published.