Модни комбинации кои никогаш нема да излезат од мода (ФОТО)

Модата знае да биде доста променлива. Секогаш ќе постојат оние кои сакаат да ја менуваат од една страна, а од друга страна се оние не сакаат да ги следат најновите трендови и не сакаат да менуваат ништо, а сепак може да ги наречеме модни икони. Како се менува модата така се менуваат и модните комбинации, но и покрај тоа постојат неколку модни комбинации кои се присутни со децении и сеуште се во тренд.

Кежуал бела кошула и панталони

Совршена комбинација за било која прилика. Ако ви е потребен поформален изглед, може совршено да изгледате со елегантни чевли, додека за некои поопуштени пригоди, можете да одберете и минималистичка бела патика, завиткани ракави. Примерот можете да го видите од Ален Делон.

Беж костум и сина кошула

Брајан Фери вака се носел пред многу години, а од тогаш па се до ден денес, оваа комбинација не здосадува.

Маица со сако

Ова важи за омилената комбинација на Џејмс Дин. Дин важел за еден од најголемите мангупи во машкиот свет, па баш поради тоа не се сомневаме во неговиот стил.

Сако и ролка

Мајкл Кејн е глумецот кој ја обожувал оваа комбинација во неговите млади години. Денеска голем број од нас, ролката ја носиме со сако. Перфектна комбинација за било кое време и за било која прилика.

Кожна јакна и бела маица

Едноставна, а моќна комбинација која била позната по Марлон Брандо. Моторџиска кожна јакна со бела маица.

Џемпер со чино панталони

Ако мислите дека чино панталоните се во тренд во последните неколку години, тогаш се лажете. Тоа се панталони кои долго време се присутни во машкиот моден свет и доста популарни во комбинација со џемпер. Ова е една од комбинациите која го одбележи стилот на Пол Њуман.

Бела маица со бели фармерки

Стив Меквин навистина го сакал спојот на белиот џинс со бела маица, која е секојдневна комбинација која секој од нас ја сака.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 12 правила во поглед на стилот и модата

Leave a Reply

Your email address will not be published.