Модни комбинации кои се идеални за врнежливо време

Доколку не сте машки модел кој би позирал гол на брод за време на грмотевици, тогаш изгледот кој сакате да го остварите при невреме не претставува лесна задача.

Меѓутоа, дождот не треба секогаш да биде фактор кој би ги намалил вашите стилски способности. Со правилното парче на облека кое се наоѓа во вашата гардероба и неколку интернет инструкции, може отвореното небо да стане ваша предност.

Затоа, маскирајте се како Посеидон и додадете ги следниве водоотпорни парчиња во вашата гардероба, со помош на неколку наши совети за да се чувстувате непропустливо и удобно цела сезона.

Зимска водоотпорна јакна

За да останете суви, не ви треба технички фактор, доколку во вашиот гардеробар имате водоотпорна јакна. Тајната во користење на долна облека со цел да се заштитите од временски непогоди е прашање на кое треба да се запраша секој купувач пред да оди на шопинг.

Кожни чизми 

Еден пар на цврсти кожни чизми за врнежливо време е исто како што е путерот кога го ставате на тост, односно вие можете да одите без тоа, но нема да се чувствувате пријатно. Се разбира, пред да ги платите, ќе треба да подразмислите малку за тоа каков модел купувате.

Мантил

Повторно се враќа во мода и мантилот, иако никогаш не ја изгуби славата. Тоа е затоа што ова класично парче на облека за време на невреме е безвременско како што се зимските јакни.

Чадор

Ако водоотпорната облека е премногу Норвешка работа за да ја носите на 4-дневен одмор на Северното море, тогаш наш предлог е да го направите најпрактичниот избор, а тоа е чадорот.

Водоотпорни патики

Не значи дека доколку има невреме, вие треба да заборавите на патиките. Едноставно, заменете го вашиот пар на патики со некои кои ќе бидат идеални за дождливо време.

Кабаница

На спротивниот крај од спектарот на јакни се наоѓа парче облека што е од голема важност за овој период. Кабаницата не е добра за планинарење, но нејзината главна функција е да ве држи сув, и поради тоа, таа е непобедлива.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРСИРА: Мит или вистина: Дали дождот влијае на нашето расположение

Leave a Reply

Your email address will not be published.