Има едно златно правило кое мора да го научат сите мажи, особено оние кои носат одела преку целата недела. Ова го говориме затоа што шетајќи по улиците низ Скопје, сеуште гледаме луѓе кои ги закопчуваат двете копчиња од нивното сако. Зошто го правите тоа луѓе? Зошто? Устава пена ни фати.
Ова правило го повторуваме многу често, но секогаш кога ќе облечеме костум следува прашањето: Кое копче треба да е закопчано, а кое не? Ова се неколку правила кои треба да ги знаете доколку се најдете во таква ситуација.
Доколку носите костум со едно копче правилото е едноставно: да биде закопчано дека стоите и да го откопчувате пред да седнете. Доколку го оставите закопчано ќе се чувствувате стегнато, а и материјалот на костумот нема да изгледа баш најдобро.

За оние костуми кои имаат две копчиња – закопчано е само горното. Никогаш не ги закопчувајте и двете копчиња. Дали го знаете правилото “понекогаш, секогаш и никогаш”? Ова важи за костумот со три копчиња. Тоа значи, доколку сакате може да го закопчате првото копче, второто секогаш треба да е закопчано, а последното никогаш.
На костумите со два реда копчиња се закопчуваат сите, освен последното иако доколку сакате може да ги закопчате и сите копчиња.
Кога станува збор за кошула, ова се правилата. Ако носите вратоврска закопчајте ги сите копчиња, доколку не носите, може да откопчате едно до две. На кошулата никогаш не откопчувајте повеќе од две копчиња.
