Индустрискиот стил на уредување што со децении наназад ги краси домовите и работните катчиња на уметничката авангарда во светските метрополи, веќе неколку години е еден од најактуелните и најпосакувани стилови на внатрешно уредување во Македонија.
А кога помисливме дека, поради поскапените репроматеријали, вредноста на мебелот ќе бележи раст, онлајн продавницата Akcija.com.mk со нов исчекор го прави достапен како никогаш досега.

Пркосејќи и на униформната хиперпродукција на мебел, лидерите на принципот „склопи-сам“, испишуваат ново поглавје на успешната приказна за македонскиот бренд „Монако мебел“, овојпат под името МонакоИндустријал, притоа задржувајќи го веќе докажаниот самосклопувачки концепт со уште попримамлива понуда.

Благодарение на прецизната изработка и јасно наведените упатства, со минимален труд можете да внесете креативност во вашиот дневен престој, склопувајќи Сет од 3 масички кои би ве чинеле околу 1600 денари. А доколку сакате евтина но, пред се квалитетна работна просторија, ќе бидете импресионирани од актуелната понуда за биро и полици за околу 2.000 денари.






