Најбизарни изговори за отсуство од работа

Иако звучи чудно, креативните изговори се многу често потребни, бидејќи дури 60 проценти од шефовите не им веруваат на вработените кога тие остануваат дома, бидејќи „не им е добро“.

Истражувањето на група од илјада вработени и исто толку шефови покажало силна креативност кога се во прашање изговорите на вработените за отсуството од работа.

Еден работник рекол дека не може да дојде на работа бидејќи му се заглавила шајка во јазикот, а друг работник рекол дека мајка му починала.

„Халуцинирам“, „Не можам да излезам од станот бидејќи вратата ми е искршена“ и „Се повредив за време на секс“, се исто така, некои од изговорите кои ги користеле креативните (не)работници.

Еве уште неколку примери:

„Прстот на ногата ми се заглави во одводот на кадата“

„Премногу брзо пливав и ја удрив главата на работ од базенот“

„Ме изгризаа инсекти“

„Новата девојка ме удри на незгодно место“

„Кучето ми го изеде чевелот“

„Проголтав бел дух“

Leave a Reply

Your email address will not be published.