Највредната фотографија некогаш направена (ФОТО)

Во пресрет на светското фудбалско првенство кое се одржува во Катар, а кое започна денеска, се појави една од највредните или најмоќните фотографии направени досега.

Имено, брендот Луи Битон, ја објави својата најнова кампања со двајцата најдобри фудбалери во светот, кои 17 години ја делат сцената на теренот.

Лео Меси и Кристијано Роналдо за прв пат се појавија заедно за кампањата на највредниот светски моден бренд за нивните куфери и патот до Катар.

Дефинитивно оваа фотографија се најде на мапа на цела светска јавност особено по интервјуто на Кристијано за британските медиуми каде го нарече Меси еден од најдобрите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.