Најголемите романтичари според хороскопот

Станува збор за најдобрите љубовници и романтичари кои ќе ве научат да уживате во малите работи. Па така, доколку барате романтичен џентлмен, ви советуваме да одберете некој од следниве хороскопски знаци…

Бик

Бикот ќе ве изненади и тогаш кога нема пари, бидејќи тоа што нема пари не значи дека нема манири. Тој е духовит, сентиментален, емотивен и непоправлив романтичар. Единствено морате малку да внимавате да не го повредите бидејќи тој знае да биде премногу посветен, дури и посесивен. Понекогаш е тврдоглав, упорен, материјалист и знае да биде љубоморен. И покрај тоа, Бикот ќе ви покаже дека кавалерството уште живее и ќе ви пружи романтика каква што има само на филмовите.

Рак

Ракот е неверојатно романтичен и нежен. Можеби не сте го забележале тоа од прв поглед, но тој има многу силни емоции кои ги крие зад маската на цврста и непопустлива личност. Сака да ужива во романтични прошетки и гледање во ѕвездите, а за вас ќе биде подготвен да направи сѐ! Доколку навистина му значите, тој ќе сака да ве заштити од сите.

Лав

Лавот сака да се бори за жената која е единствена за него на овој свет. Доколку вие сте токму таа, сметајте се себеси за голема среќница. Тој ќе ви ја докажува неговата љубов на различни начини, од романтични љубовни состаноци до внимателно одбрани подароци. За него нема да постои ни една друга. Сака да има конкуренција бидејќи тоа го мотивира уште повеќе да ви се докажува, а за возврат ќе очекува секогаш да го пофалите и да му давате комплименти.

Вага

Вагата ќе ви приреди романтични моменти кои никогаш нема да ги заборавите. Ќе се прашувате како воопшто се сетил на сето тоа. Ќе ве изненадува со спонтани ситници, но и големи подароци и добро испланирани љубовни состаноци. Вагата е уметник во душа, па така не се изненадувајте ако ви пишува песни и го велича вашиот лик и дело. Длабоко во ноќта, мислите секогаш ќе му бидат окупирани со вас.

А кои се најдобри во кревет според хорскопските знаци? Прочитајте

Leave a Reply

Your email address will not be published.