Најголемите џентлмени во фудбалот (ВИДЕО)

Како во секој друг спорт, џентлменството е дел и од фудбалот. Потребна е многу напорна работа за да се биде успешен на врвно ниво. Но, потребен е и силен карактер за да бидете почитувани од сите во фудбалскиот свет. Ова се великаните на играта кои не само го даваа најдоброто од себе  секој пат кога ќе се појават на теренот, туку имаа и голем респект кон сите кои што се дел од оваа игра. Овие играчи станаа познати по својот дух на спортист и професионализам заедно со нивниот фудбалски квалитет.

Хавиер Занети е еден од најголемите имиња во историјата на фудбалот. Неговата кариера беше симбол на доследност и професионализам што малкумина го имаат. Тој е еден од ретките играчи на кои им се восхитуваат дури и навивачите на противничките клубови. Аргентинецот никогаш не беше незадоволен и се погрижи неговиот фокус секогаш да биде насочен кон неговиот фудбал. Занети беше еден од оние неколку играчи чиј имиџ никогаш нема да биде нарушен, вистински амбасадор на убавата игра.

Едвин Вар Дер Сар е еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот. Покрај големиот број на признанија кои што тој ги има добиено во текот на неговата кариера тој заработи почит како кај навивачите, така и од критичарите за неговото однесување на теренот. Тој секогаш се однесувал со почит кон фудбалот и многу ретко бил вклучен во расправии. Неговата смиреност на теренот беше нешто што не само помогна во разбивање на напнати ситуации, туку и помогна на неговите соиграчи да ја задржат концентрацијата на натпреварите. Смирен и сталожен човек кој никогаш не дозволил неговите емоции да надвладеат со него.

Ако треба да издвоиме една легенда во фудбалот од редовите на Барселона, тоа е дефинитивно Чави. Тој беше технички совршен и беше архитект на играта на овој клуб. Тој се издвојуваше не само поради неговата умешност, туку и за однесувањето на теренот. Чави ја доби наградата за фер-плеј за Барселона неколку пати по ред откако беше изгласан од навивачите. Тие награди беа оправдани бидејќи Чави беше вистински џентлмен на теренот.

Многу малку играчи во фудбалот ја покажаа лојалноста што Рајан Гигс ја покажа кон Манчестер Јунајтед, а уште помалку имаа толку успех со еден клуб, колку што имаше Велшанецот. Но, Гигс беше познат и по професионалниот однос на теренот. Неговата дисциплинираност му донесе почит на соиграчите, но и на неговите противници. Да се биде доследен не само во перформансите, туку и во однос на фер-плејот и почитта кон играта, потребно е многу воздржаност и моќ на волја, Гигс беше секако одличен пример за тие квалитети во неговите денови на игра.

Андреа Пирло е име синоним за фудбалскиот свет. Неговата присебност на теренот беше навистина за почит. Пирло е познат и по неговиот карактер на теренот исто колку и фудбалската способност. Ја игра играта со грациозност и без никаква врева. Неговата професионалност е воодушевена од многумина. Пирло е оној кој никогаш не го бара центарот на вниманието и го натера фудбал да зборува за него. Вистински џентлмен.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.