Долгогодишниот извршен директор на американската информатичка компанија Nvidia, Јенсен Хуанг, беше прогласен за најдобар извршен директор во светот оваа година, пренесува Business Insider. Хуанг (56) го предводи списокот на првите 100 извршни директори во светот во годинашниот избор на деловното списание од реномираниот американски универзитет.
И уште еден на годинешниот список на Харвард, Марк Бениоф, го предводи ИТ гигантот Салдерсфорд, додека трет е Франсоа-Хенри Пинаул, извршен директор на Керринг, малопродажен трговец на лускузни брнедови.
Меѓу првите десет извршни директори во светот во оваа селекција се Ричард Темплетон (извршен директор на електронскиот гигант Тексас инструмент), Игнасио Галан (Ибердрола, Шпанија, енергетска опрема), Шантану Нараин (Адобе, ИТ), Ајај Банга (Мастеркард), Јохан Тијс (белгиска КБЦ банка и осигурител), Сатија Надела (Мајкрософт) и Бернард Арнаут, извршен директор на друг француски гигант во трговијата со луксузни добра, ЛВМХ.
Кој ли е Јенсен Хуанг?
Имигрант од Тајван, кој студирал инженерство и електроника на универзитетите Орегон и Стенфорд, Хуанг и неговите партнери ја основале Nvidia во 1993 година, веднаш избирајќи ја долгорочната растечка ниша за производство на моќни компјутерски чипови за создавање брза графика за видео игри, според списанието, додавајќи дека само помеѓу 2015 година и 2018 вредноста на Nvidia се зголеми за 14 пати.
ПРОЧИТАЈТЕ: Кој е најбогат човек на светот?