Најдобрите машки парфеми кои секој маж треба да ги има во канцеларија

Знаеме колку е важен изгледот во секојдневието, особено на работното место. За да бидете најголем фраер во канцеларијата, не само што треба да изгледате добро, треба и луѓето да ве забележуваат по некои работи. Еден од начините за да бидете забележани е дефинитивно парфемот.

Еве кои се нашите три предлози за парфеми кои треба да ги имате во вашата канцеларија.

Dolce & Gabanna The One

По огромниот успех на женскиот парфем, The One, од Dolce & Gabbana на почетокот на месец март 2008 година, ни пристигнува и машката едиција, исто така со име The One for Men. При креирање на овој мирис, Стефано Габана бил воден од идејата да од овој мирис направи UOMO, односно мажествен мирис, класичен, “не банално класичен, туку машка класика која ќе трае со години и ќе биде мирис кој жените ќе го обожаваат“. Нотите кои овој мирис ги поседува се според вкусот на креаторот Gabbana, кој сакал дрвенесто-зачинета композиција. Мирисот се отвора со ноти на грејпфрут помешан со коријандер и босилек, додека срцевината е составена од кардамом, ѓумбир и неролија. Основата остава мажествена трага со ноти на кедрово дрво, тутун и амбра. Шишенцето на мирисот е моделирано со цел да го следи женското, стаклено, со иста форма и со правоаголно капаче со чоколадно-кафеава боја.

Versace Pour Homme

Го претставува “силниот, сензуален и решителен маж. Ја претставува позицијата на која еден маж се наоѓа во денешницата, т.е. позицијата на која што жената би сакала мажот да биде поставен.” VERSACE Pour Homme е составен од ноти на бергамот, нероли, горчлив портокал и цитрон.
Средините ноти ги вклучуваат здравецот, мушкатна жалфија, плав зумбул и кедрово дрво, додека базните ноти се на Оуд дрво, минерален амбер, тонка зрно и мошус.

Hugo Man Extreme

Сместен во иконското шишенце , новиот мирис го носи класичниот HUGO MAN кон едно ново ниво на интензивна свежина. Мирисот се отвора со иконската свежина на свежи зелени јаболка кој е интензивиран до максимум. Како што се развива мирисот така ја отвора ароматичната срцевина од лаванда, саќе и гераниум кои даваат модерен акцент на мирисот. Силната база е од ноти на кедарово дрво. Моќта на HUGO MAN Extreme е во неговата непогрешлива хемија која ги соединува сите состојки и дава резултат на експлозивна енергија и свежина. Ова е мирис за сите оние кои сакаат да го живеат животот во свои услови.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.