Најстресните професии во светот

Стрес, стрес, стрес. Насекаде стрес. Живееме во едно стресно време, а можеби и најтресен период кој го паметиме. Едно истражување направи листа на професии кои се најстресни и листа од најмалку стресните професии, а нивото на стрес е мерено по основа на физичката активност на работата, потенцијалната смртност, патувањата и профитабилноста.

Резултатите покажуваат дека професионалните војници, директорите на компаниите за односи со јавноста, пилотите и новинарите имаат најстресна работа, додека со најмалку стрес се соочуваат универзитетските професори, библиотекарите и фризерите.

Професионалните војници и генералите имаат најстресна професија бидејќи освен што нивната работа е физичка и психички напорна, тие се одговорни и за војниците. Најстресна цивилна работа имаат пожарникарите кои секојдневно се изложени на опасности, а многумина од нив завршуваат трагично.

Меѓу останатите најстресни професии се работењето како пилот, фоторепортер, новинар, возач, полицаец и извршен дирктор.

„За помалку стресни професии се карактеристични позитивните повратни информации што се добиваат од клиентите, а воедно тие луѓе се и посреќни. Така, универзитетскиот професор е крал на своето кралство со најмногу овластувања во предавалната и со право да им кажува на студентите што треба да прават“.

За најмалку стресни професии се смета работењето како златар, службеник, лабораториски техничар и нутриционист.

Leave a Reply

Your email address will not be published.