Еспресо машините се навистина популарни во денешно време и се купуваат се повеќе за домашна употреба. За многу кратко време можете да го направите вашиот омилен пијалок и да уживате. Исто така, еспресо машинит еможат да бидат украс на домот и кујната.
Ви го претставуваме најновиот еспресо апарат, ANZA. Фраерска еспресо машина која секој маж треба да ја поседува во својата во својата “гајба”.Тој е навистина уникатен, бидејќи поголемиот дел е направен од бетон. Цел бетонски блок е искористен како би се добила совршена еспресо машина, која покрај функциите, делува и како мини уметничко дело. Секако, освен бетонот, користени се и други материјали како што се дрво, пластика и метал.

