Неколку совети за предигра и како да го  направите сексот уште подобар

Сексот не е само внатре, надвор и ќе завршиш. Сексуалното задоволство бара малку повеќе време, малку повеќе енергија, емоции и страст за да ги задоволи сите страни. Е тоа е моментот каде што почнува предиграта.

Иако веројатно сте го слушнале терминот многу поодамна, можеби не сте сфатиле колку е навистина важна  и моќна предиграта. Во суштина, предиграта е сè што правите  за да го подготвите телото за секс. За мажите, ова обично предизвикува зголемен проток на крв во половиот орган што резултира со ерекција, за жените крвта тече и до репродуктивните органи, зголемувајќи го задоволството и чувствителноста. И за секого, мозокот се возбудува и ослободува хемикалии за одлично чувство како допамин и окситоцин. Сексот не е само за оргазми – туку за задоволство – кулминација обично е црешата на врвот на одличната сесија.

Неколку совети за предигра препорачани од експерти кои ќе ја претворат секоај интеракција во нешто вредно за паметење.

1) Прашајте го вашиот партнер што го возбудува.

Кога се двоумите, само прашајте го вашиот партнер што сака за време на сексот. Комуникацијата е неопходна за добар секс, без разлика каков имате. Да се биде отворен и искрен во врска со вашите желби создава еротска атмосфера која е и секси и се заоснова на  доверба.

2) Секс во текот на денот

Предиграта не започнува едноставно во спалната соба. Може да започне од моментот кога ќе се разбудите. Порака како „Едвај чекам да те прегрнам вечерва“ може да го возбудат вашиот партнер пред да стапнете во иста просторија. Секстингот ги разгорува огновите многу порано отколку да стигнете до самиот чин.

3) Исчистете го вашиот простор

Имањето неуреден простор – без разлика дали тоа е вашата куќа, спална соба, автомобил итн. – навистина може да го намали сексуалното задоволство. Нередот може да предизвика стрес, а кога сте под стрес, вашето тело често не се релаксира доволно за да се возбуди.

 4) Елиминирајте се што ви го одвлекува вниманието.

Кога ги отстрануваме непотребните работи кои ни го  одвлекуваат вниманието, тогаш најдобро ги елиминираме факторите кои би можеле да не спречат да се вклучиме во предиграта. Исклучете го телефонот, или тв уредот, одложете ги сите непотребни работи кои можат да ви го нарушат расположението и препуштете се на атмосферата.

5) Пуштете музика

Изборот на вистинската музика може да направи секоја ситуација да биде посебна, а предиграта не е исклучок. Размислете за амбиентот што се обидувате да го поставите. Динамична или романтична,  може да го водат искуството кон транзиција на различни видови на допир и игра.

6) Не заборавајте за контакт со очи и секси долна облека

Контактот со очи секогаш ќе ви придонесе да се поврзете на поинакво ниво, а секси долната облека е за поголема визуелна возбуда.

7) Играјте секси игра

Секси игрите како предигра се забавен и лесен начин да ги зачините работите, тие имаат специфични правила и упатства на кои треба да се фокусирате, а тоа ги прави интересна предигра.

8) Вклучете игра со улоги

Излезете од комфор зоната на врската, и замислете се дека сте непознати еден на друг, излезете во бар и почнете од почеток. Развојот на настаните ќе ве возбудат на поинаков начин од секојдневните ритуали.

9) Опуштете се со еротска масажа

Започнете со еротска масажа на вашиот партнер што ќе го релаксира. Дури и пред да го допрете, ќе сака да го стигне врвот.

10) Препуштете се на уживање

Луѓето се возбудени со тоа што знаат дека и нивниот партнер ужива. Тоа е она што го прави сексот, во сите негови форми, сензуален. Со други зборови,вклучете се емотивно и страствено во сите ваши активности за повеќе играње и уживајте со партнерот. Комуницирајте, слушнете си ги емоциите и не заборавајте да се бакнувате!

Без разлика дали почнувате со играње улоги или едноставно се концентрирате малку повеќе на ерогените зони, зголемувањето на играта во предиграта, само ќе ви помогне однапред со секој тип на сексуална интеракција што ја имате.

Leave a Reply

Your email address will not be published.