Бизнис (па и другите) патувања, на кратки и долги дестинации, не ја одминуваат и Македонија. Одлични доживувања, размена на искуства и нови предизвици, единствениот проблем е времето и потта при пакувањето на куферот, а особено при пакувањето на костумот. Но, изминатата година не патувавме често поради пандемијата, но полека работите се враќаат во нормала, и сега имаме можност да патуваме. Во случај да сте заборавиле за маката со оделата при пакување за патување, сега да ве потсетиме дека е лесно.
Многу е важно да знаете да се спакувате како што треба. Особено е важно доколку работите на место каде што службените патувања се неопходни. Треба да бидете навистина ефективни да спакувате се што ви е потребно во една нормална торба.

- Поставете го сакото со лице надолу на рамна површина
- Преклопете го левиот ракав назад, па сакото да биде три четвртини од ширината
- Сега свртете го десниот ракав назад, така што рамениците малку се преклопуваат
- Преклопете ја долната половина на сакото

ФОТО: Unsplash