Од Ањели до Елкан – “Фичото” кое нема човек кој не го посакува (ФОТО)

Фиат 500 е креација на најголемиот Италијан или некрунисаниот италијан Џани Ањели. Нема да зборуваме многу за него, сите веќе знаете дека бил маж со стил, човек кој бил вистински џентлмен.

Џани Ањели бил голем љубител на автомобилите, несомнено, пред се поради нивната традиција фамилијарна со автомобилите.

Во негово време се креира легендарното “фичо”. Мал автомобил кој бил хит низ светот. Низ годините престанува да се произведува, за се до 2007 година кога неговиот внук решава да го повтори овој урбан лепотн.

Лапо Елкан одлучува да го врати на пазарот Фиат 500, и прави бум насекаде. Најпосакуван мал автомобил повторно во светот е Фиат 500.

Италија е буквално преплавена со овој автомобил. Ни доаѓа во разно разни модели. Имаме модел Дизел, модел Гучи, имаме Рива, имаме многу дизајнерски креирани автомобили.

Но, она за што денеска пишуваме е изборот на кабриолет, кој секој би посакал да го вози. Желбата за лето ќе ви дојде веднаш. Замислете што може да правите се со него. Да уживате во прекрасното време, во погледите, во возењето. Ова е фотогалерија на ретро модел кој изгледа преубаво.

Leave a Reply

Your email address will not be published.