Омилениот коктел на најголемиот италијански џентлмен Џани Ањели

Џани Ањели, не крунисаниот крал на Италија. Човек кој го измисли нон шалантниот стил на Италијанците и човек со можеби најдобриот стил. Љубител на автомобили, на бродови, на авиони и хеликоптери, човекот кој знаел да ужива во животот. Вистински хедонист. Џани важел и за голем заводник и љубител на жените. Постојано бил во друштво на преубави дами.

Многу сме пишувале за него, но има една работа која сигурно не сте ја знаеле за Ањели. А тоа е кој бил негов омилен коктел. Неговиот омилен коктел во кој уживал бил Негрони, познатиот италијански коктел.

Буквално насекаде бил со Негрони во раката, а за тоа сведочат и огромниот број на фотографии каде се гледа тој со Негрони во рака. Има една приказна каде тој на Џеки Кенеди во Амалфи и го презентира за прв пат овој коктел во 1962.

Прочитајте кој бил омилениот коктел на Марлон Брандо

Leave a Reply

Your email address will not be published.