Кога се работи за патување околу 4,6 милиони луѓе патуваат сами. Поттикнатo од развојот на технологијата, “соло“ патувањето станува полесно, благодарение на смартфоните и апликациите наменети за патување кои помагаат за навигација до посакуваната дестинација.
Туристичките дестинации фаворизирани од оние кои патуваат “соло“ се надвор од сите граници – милениумците одбираат несекојдневни и не толку посетувани локации наспроти Европските туристички атракции како Рим, Лондон, Барселона. Ова е резултат на нивното трагање по уникатни искуства кои ќе ги споделат на социјалните мрежи.
- Научете 20 клучни фрази пред вашето патување
Познавањето на основата на локалниот јазик може да значи многу. Ова може да биде од корист за вас кога поставувате едноставни прашања, прашувате за насоки, или за помош. Дополнително, локалното население може да ве почитува поради напорите кои ги вложувате да поставите прашање на нивниот мајчин јазик.
- На вашиот календар обележете го распоредот за објавување на содржини вредни за споделување од вашите топ дестинации
Сигурно ќе посакате да ги споделите вашите моменти од патувањето со пријателите, семејството и следбениците. Покрај тоа што тие ќе знаат каде сте биле – можеби ќе ги натерате да дојдат и да ги посетат тие места! Направете мало истражување пред да започнете со патување и испланирајте неколку клучни објави пред да заминете на пат. На овој начин откако ќе дојдете на туристичката дестинација, веќе ќе знаете каква содржина ќе сакате и ќе можете да креирате, притоа не грижејќи се како таа ќе изгледа на вашиот социјален медиум.
- Одвојте 30 минути на запишување на најинтересните моменти од денот
Со патување постојано се збогатувате со нови искуства. Всушност, има толку многу работи кои може да ги направите и затоа, како што фотографирате за спомен, запишете ги оние моменти кои ви се навистина драги. Еден ден ќе ги “оживувате“ благодарение на овие записи.
- Доловете го секој агол од градот
Со секоја посета на ново место пред нас се отвораат бескрајни можности – знаменитости и тајни кои би било одлично да ги доловите во вистинско светло на вашите фотографии.
- Прескокнете ги овие локации од листата на места на кои би патувале
Големите метрополи се “АУТ“, а ексцентричните и несекојдневни дестинации се дефинитивно “ИН“. Зачекорете чекор понапред од моменталните трендови и одберете патување на нова дестинација, пред истата да стане популарна. Истражете ги локалните дестинации и природни убавини, но не пропуштајте да ги посетите и несекојдневните дестинации за 2019 година во Србија, Романија и Црна Гора.
- Патувајте и прифатете дел од навиките и културата од локалното население
Иако качувањето во такси возило помеѓу две дестинации е полесно и посигурно решение, еден од највозбудливите и автентични начини да дојдете од точка А до точка Б во нов град, е да го искористите локалниот транспортен систем. Најчесто, ова создава чувство како да сте родени таму, а сето тоа е збогатено со места и звуци кои најчесто нема да ги видите и доживеете доколку одберете директен превоз до посакуваното место.
- Експериментирајте со начинот на фотографирање!
Се наоѓате во друга земја, опкружени со нови луѓе и обичаи. Зошто да не експериментирате со вашиот стил на фотографирање? Обидете се да ја фотографирате храната, стајлингот и околината, но овојпат на поинаков начин. Користете невообичаени перспективи како директно фотографирање или пак, користете подигната платформа за поинаков агол.