Оваа година се емитува втората сезона од емисијата „Џентлмен магазин“. Секојa емисија доаѓаат различни гости кои зборуваат за џентлменството, начинот на живот, но и за приватни работи кои немаат простор да ги кажат во секојдневието.
Финансии, хартии на вредност, инвестиции, менаџирање, консултантски услуги. За сите овие термини разговораме со нашиот гостин – Петар Андреевски. Емисија исполнета со многу позитивно расположение, дружба, но и едукација и разговори на многу економски теми. Не пропуштајте!
Уживајте во 15-та епизода од Џентлмен Магазин каде преку еден џентлменски разговор Андреевски ќе открие многу новости кои не ѝ се познати на јавноста.
Доколку сакате да ги изгледате и другите емисии од Џентлмен Магазин може да ги пронајдете на нашиот Јутуб канал.