Пиењето кафе е посебна култура насекаде во светот

Кафето претставува најголемиот глобален феномен и луѓето низ светот го пијат многу долго време. Тоа е пијалок во кој уживаат култури кои немаат никаква поврзаност едни со други, но сепак сите го пијат. Погледнете каква е културата на кафето во повеќе земји од светот.

САД

Сад е нација во која навистина премногу се пие кафето. Секоја година американците пијат околу 146 милијарди шолји на кафе, повеќе од било која друга земја во светот. Чајот е убав за попладневните часови, но повеќето американци не го започнуваат денот без првото утринско кафе. Љубители се на филтер кафето, или американото, и сакаат кафиња со вкусови, со карамели на пример и останати преливи.

МЕКСИКО

Мексиканците се познати по тоа дека знаат да си ја завршат работата во кујната, но и кафето не е исклучок. Карактеристичното мексиканско кафе познато како Café de Olla, се служи во керамичка кригла со тесен врат за да се задржи топлината и никако без цимет стапче.

ИТАЛИЈА

Пристигнавме кај еспресото. Тоа е кратко, со силен удар на концентрирано кафе и претставува вистинско решение на италијаните за справување со проблемите толку рано наутро. Се служи во мала керамичка чаша. Цената на кафето зависи од местото каде го пиете. Од нога е најефтино, и е пракса на италијаните. А, доколку сакате да седнете, тогаш е поскапо.

ТУРЦИЈА

Кафето во повеќето земји се смета како пијалок за утринските часови, но во Турција тие го гледаат како еден вид на десерт. Турското кафе е како поговорката, “црно како пекол, силно како смрт и слатко како љубов.” Турското кафе обично се пие по вечерата и задолжително оди со бомбони. За нашето поднебје, ова е можеби најубавото кафе и најконзумираното.

ИРСКА

Ирското кафе е измислено во далечната 1940 година. Пијалокот започнува со кафе, се додава виски, а завршува со шлаг.

ХОЛАНДИЈА

Холандија е земја каде што покрај кафето секогаш ви носат и мало шеќерно колаче. Има разлика од coffee house и café, каде што се служи и канабис. Во вистинските кафулиња нема да најдете ниту алхохол, ниту марихуана.

ФРАНЦИЈА

Во франција стандардното кафе што е во вид на еспресо се нарекува, un café. Следниот вид на кафе е café americaine, кое што е поголемо и се додава топла разредена вода. Интересно во кафулињата во Франција е тоа што за едно исто кафе може да најдете три различни цени. Се зависи од тоа каде сакате да го пиете кафето, дали надвор на маса, во барот или да пиете едно кафе на нога.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.