Пижами кои ќе ве направат господин и додека спиете (ФОТО)

Пижами… многумина од вас не ни обрнуваат некое си големо внимание на нив. Многумина спијат голи, по долен веш, по маица и гаќи, но ретко во пижами. На некого му сметаат, некој не енавикнат. Но, некој пак обожава да ги носи. Најчесто зимно време е време за спиење со пижами. Во текот на летото, ретко кој облекува, но има некои луѓе не ги вадат од себе, и спијат постојано со пижами.

Добрата пижама може да биде вистински погодок на секој маж. Свилени, тенки налик одело за на вечера. Тоа е симбол на елеганција кај мажите со стил. Дури и кога спијат знаат дека треба да изгледаат добро. Навики кои ги нема секој маж.

Еве еден пример на пижами кои ги носат само оние што разбираат што е добра пижама.

Пењуарот или наметката која се носи врз пижамите, е одлика на џентлмените. Во минатото се повеќе мажи користеле наметки или пењуаар, кој ги правел вистински господа луѓето. Сигурно се сеќавате како изгледало тоа на филмските платна кога Роберт Дениро во филмот Казино го носи во секоја сцена. И такви филмови има многу. Овие пењуари се според нас ремек дело за вас мажите кои имате стил.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Како од обичен маж да станете вистински џентлмен

Leave a Reply

Your email address will not be published.