Пирс Броснан и неговиот живот на плажа (ВИДЕО)

Живото на Пирс Броснан е на плажа. Он ги живее оние денови, долги денови на плажа, лежење и уживање, правење на што ви се сака, коктели од сабајле до вечер додека уживате на песокот.

Домот на овој џентлмен се наоѓа на сама плажа, во Малибу. Како што кажува Пирс Броснан:

“Водата отсекогаш била дел од мојот живот, дел од моето уживање и постоење. Пораснав покрај река, а имам помнење на море и плажа. Постојано одевме на плажите во Галвеј. Кога одлучив да се преселам во Америка, одма знаев каде ќе биде тоа. Некаде покрај плажа. Го одбрав Лос Анџелес и Малибу, кои ви нудат неверојтен поглед и уживање. Ми требаше вода, морав да бидам покрај вода. Одбрав да бидам покрај океан, на едно од најубавите места.”

Но, после години живеење во малибу, тој одлучи да ја стави својата куѓа на продажба по цена од 100 милиони долари и заедно со својата сопруга да се пресели. Но, повторно на плажа. И тоа на Хаваи.

“Веќе 20 години одиме на Хаваи. Со кели мојата сопруга отсекогаш сме сакале да одиме и да живееме на некое тропско место. И го обожаваме хаваи. Имаме имот таму. Со големи бамбуси. Преубаво е. Сакам да се возам на мојата даска за уживање (paddleboard). Сакам да нуркам. Сакам да ловам риба. Ја сакам таа култура на Хаваи и начинот на живот кој го имаат тие луѓе таму. Фасцинантно е.”

Пирс Броснан е човек кој сака да ужива. Љуби да чита книги. моментално ја чита по втор пат книгата на Gabriel García Márquez – ‘One Hundred Years of Solitude’.

Како што изјавува тој, секој филм е дел од неговиот живот и она што него го отсликува.

Пирс Броснан е вистински џентлмен со вистински вредности и човек кој знае да ужива во она што го прави. Секоја чест. И ние би сакале вака.

ФОТО: Screenshot

Leave a Reply

Your email address will not be published.