Традиционално, секоја година, магазинот People го избира најсекси мажот на годината. иако многумина очекуваа оваа година наградата да ја земе Капетан Америка или Крис Еванс, таа оваа година отиде во рацете на Пол Руд.
Мажот што никогаш не старее, тоа е синонимот за Пол. Откога го познаваме на ТВ. екраните уште од почетоците на серијата Friends, тој како да изгледа исто. Интересно. Рад е еден од ретките актери кои немаат црно минато и за кој нема лош збор.
Секогаш скромниот актер, кој се прослави со улогата во филмот Clueless за People магазинот изјави дека конечно е во друштво на Бред Пит, Џорџ Клуни и другите.
„Пријателите многу ќе се шегуваат со мене поради ова, но така и треба да биде. Ќе уживам во ова, ќе се правам важен. Ќе направам нови визит-картички. Очекувам животот да ми се промени поради оваа титула. Се надевам дека конечно ќе бидам повикан на секси вечери со Џорџ Клуни, Бред Пит и Мајкл Б. Џордан. Можеби и повеќе време ќе поминувам на јахти“, заклучил духовитиот Пол.
ФОТО: Instagram/People
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Најавата за Мажи на годината за 2021