Секоја недела ќе ви претставуваме книга за џентлмените, или книга која мора да ја прочита секој џентлмен до крајот на својот живот. Читањето книги е одлика на големите луѓе. Претходниот пат ја предложивме The Great Gatsby by F. Scott Fitzgerald и не згрешивме.
Можеби е проблем да се набават кај нас, но сега кога се ни е достапно на интернет можете лесно да ја најдете и во електронска верзија.
Читањето книги е вежбање на мозокот. Тоа знае да биде и опуштање од секојдневните стресни стуации. Книгите за џентлмени се и книги кои не учат на добри навики.
За денеска ќе ви ја предложиме A Gentleman in Moscow by Amor Towles. Бидете претпазливи џентлмени. Оваа книга може д ви го врати чувството на клаустрофобија, особено во време на пост пандемија и карантин, поради главниот лик во книгата Александар Ростов кој е во куќен притвор во Хотел Метропол во Москва во 1922 година. Ако мислите дека доколку сте затворени во луксузен хотел, нема да ви се случи ништо лошо, сте згрешиле.

ФОТО: Unsplash
Сакате уште книги за џентлмени? Еве што ви предложивме минатиот пат.
