Приказната на Маноло Бланик најпознатиот дизајнер на чевли

Маноло Бланик важи за еден од најпознатите дизајнери и производители на кондури во историјата. Можеби жените би се сетиле веднаш бидејќи Маноло бил производите најпрво на женски чевли, но подоцна започнал да дизајнира машки модели на чевли. И покрај промената Маноло Бланик сепак дизајнирал лимитирана серија на чевли за џентлмени, најмногу за негови блиски како што е Мик Џегер.

Среќа денеска не треба да сте во неговиото блиско опкружување за да дојдете до негови чевли, бидејќи неговиот бренд сега произведува и дизајнира цела колекција на модерни чевли, од кондури до чизми, од санали до бродарици.

Маноло Бланик е роден на Канарските острови, но расне и живее во Лондон. За време на Peacock револуцијата во Лондонја развива својата имагинација и сфаќа дека е љубител на боите и во тоа време ги поместува границите од еднобојните чевли кои биле насекаде распространети.

Неговите чевли ги нарекуваат Ролс Ројс за вашите нозе.

Неговата кариера започнува така што Маноло зема некои цртежи и ги дава на Диана Вриленд која тогаш била уредник во Вог. Таа ги земала и се изненадила. Така започнува да патува и истражува што се е потребно за добра кондура. Му требале 10 години да научи.

Својата инспирација ја црпи буквално од секаде. Секаде каде и да оди, или пак е дома до креветот мора да има молив и хартија или пак таблет, така да може да ги запишува или црта моменталните инспирации.

Машката колекција која ја стартува оваа сезона е инспирација од актерот Гери Купер и Џејмс Дин за кој вели дека е неверојтана инспирација за него. Инспирација црпи и од Џејмс Нортон во поново време.

За него најважен е стилот, а не модата. Обожава дворедни одела. Многу е важно да се чувствувате добро во она што го носите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Vacheron Constantin го има приматот на часовник на Џентлмените (ФОТО)

Leave a Reply

Your email address will not be published.