Мажите знаат дека бесконечното купување на реквизити не го одредува нивниот добар вкус, туку инвестирањето во работи со кои навистина ќе се направи разлика. Не е се во тоа да се биде материјалист, туку треба да се разбере вистинската вредност на работите. А, еден маж, кој е реализира и амбициозен, знае за што зборуваме.
Кола од соништата
Секој џентлмен заслужува да поседува кола која ќе направи да ужива позади воланот.
Луксузен часовник
Еден џентлмен никогаш не доцни, ниту пак подранува, тој се појавува тогаш кога планира.
Машкото никогаш не треба да го изостави часовникот како клучен детал од својот стил, па затоа ако сакате да имате уникатен и квалитетен часовник инвестирајте!
Рачно изработен костум
Мажот не би бил целосно класифициран како џентлмен ако не поседува барем еден рачно изработен костум. Дефинитивно мажите кај нас имаат можност да инвестираат во костуми по мерка. Со тоа покажувате дека знаете што значи костум изработен по мерка, и ја дефинирате разликата од купен костум во продавница.
Рачно изработени чевли
Зачудувачки е колку лесно може ипресивниот впечаток што ќе со создадете со уникатниот рачно изработен костум, да се уништи доколку го комбинирате со несоодветни чевли. Затоа на секој џентлмен му требаат рачно изработени чевли, на кои би можел да се потпре во секоја прилика.
Машина за кафе
Инвестирањето во квалитетна машина за кафе е инвестирање во врховен вкус. Со ова ќе ја покажете вашата репутација како домаќин кој има префинетост. Чекањето редици за да купите кафе кое не секогаш ќе го погодат онакво како што го сакате, не е начин на кој еден џентлмен го започнува својот ден.
Уредување на домот
Како еден господин ќе одлучи да го уреди неговиот дом, зборува многу за неговиот карактер и стил. Било тоа да е биро, маса за кафе или луксузна кожна фотелја, бидете сигурни при изборот на вашиот централен елемент во домот бидејќи тоа кажува многу за вас.
Домашна винарија
Нема ништо посмирувачко од вечера со гости проследена со одлично вино од вашата домашна винарија. Особено да имате разбирање околу вината и да им предложите едни од најдобрите, еден џентлмен со стил би си го дозволил ова.
Домашна библиотека
Компактниот “e-reader” може да биде практичен оние утра кога патувате на работа, но тоа не дава ист впечаток на едукација и образование како домашната библиотека во дневната соба. Колекција од безвременска литература треба да поседува секој џентлмен.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 5 модни икони кои секој ги знае