Одлучивме да ве едуцираме за видовите на пурите, нивната големина, јачина, и секако брендовите во соработка со Пура Култура
Пура Култура едукација, овојпат ќе ви претставиме една форма на пура која речиси сите ја знаат, а тоа е “Робусто” формата која задолжитено ја прават сите фабрики за пури. Мислиме дека не постои цигар афиционадо кој не пробал Робусто форма на пура. Димензиите на Робусто пурата во империјални инчи е 5х50 или 127мм х 20мм што значи должинта е 127 милиметри додека пречникот е 20 милиметри.
Зошто Робустото е толку омилена како форма? Одговорот е едноставен бидејки има умерена големина умерена дебелина одлично е избалансирана за држење во рака, погодна е за носење ја собира во секоја футрола за пури ја собира во џеб од кошула, во џеб од сако и на крајот ја собира и во џебот од панталоните (ова избенувајте може да ја скршите).
Робусто пурата е погодна за пушење во сите прилики бидејки нејзината големина не е ни премногу голема, а не е ни мала. Искусните афиционадоси можат да ја пушат и повеќе од час и половина. Интересно е тоа што различни фабрики прават и отстапки во димензиите на Робусто пурите така да должината може да варира, но и дебелината, но не многу, па честопати две робусто пури од различни фабрики можат да бидат со различни димензии. Како и да е во продавниците за пури најчесто ќе чуете : Дајте ми Робусто….



