/

САД: Само проверените тутунски алтернативи може да се пласираат на пазарот

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го отфрли барањето на компанијата ЈД Нова Груп ЛЛЦ за комерцијализација на нивните производи поради недостаток на комплетна документација која новите тутунски производи мораат да ја поднесат пред пласирање на пазарот.

Како што се наведува во образложението, електронските уреди за консумирање на тутун од производителот ЈД Нова не поседувале потребна проценка за влијанието врз животната средина. „Производителот на тутунскиот производ ќе може дополнително да ја пополни својата документација”, се наведува во образложението на ФДА , но додава дека ЈД Нова во меѓувреме е должна да повлече од пазарот околу 4,5 милиони производи.

Американската агенција за храна и лекови минатата година имаше полни раце работа поради итно одобрување вакцини против корона вирусот, што и денес е актуелна тема во светот, но и поради регулирање на пазарот на тутун, што започна непосредно пред пандемијата.

ФДА побара од сите производители на тутун и електронски производи базирани на никотин да аплицираат за слободна продажба на американскиот пазар. Постапката за ревизија на апликацијата е се уште во тек, а ФДА прими апликации за дури 6,5 милиони производи од над 500 производители.

На 7 јули 2020 година, Агенцијата за храна и лекови на САД даде овластување за комерцијализација на IQOS уредот во САД, заедно со три различни варијанти на HeatSticks, со тврдење дека со нивна употреба се намалува изложеноста на штетни и потенцијално штетни состојки. Со ова IQOS е првиот и единствен систем за загревање тутун во САД кој е одобрен како тутунски производ со модифициран ризик и кој ги информира потрошувачите за намалена изложеност на штетни и потенцијално штетни состојки. Научните истражувања потврдуваат дека целосниот премин од класични цигари на IQOS ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни материи.

Центарот за контрола на тутунот на ФДА инсистира на ригорозна контрола на тутунот, или на производи базирани на никотин што се продаваат на овој пазар, како што беше потврдено со фактот дека Филип Морис достави неколку милиони страници научни докази во својата апликација за одобрување на овој уред за технологија за загревање на тутунот.

Иако одобрението за тутунски производи не значи дека овие производи се целосно без ризик, процесот на преглед гарантира дека пласирањето на пазарот на производи е во согласност со заштитата на јавното здравје, земајќи ги предвид ризиците и придобивките за населението како целина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.