Топлото време дојде. Поголемиот дел од денот го поминуваме надвор, во природа, на планина, или за посреќните на море или езеро. Без разлика дали шетате во пар, или соло, никако не смеете да пропуштите ситуација за секс на отворено. Еве мал совет што се ви треба за припрема:
1. Секогаш носете кондоми – колку и да не сте фанови на кондомите, истите тие мора да се задолжителен дел од вашиот ранец
2. Носете екстра ќебе – едно за под вас, едно за над вас. Ќебето е олеснителна причина за девојќите кои не се фанови на природата и сите боцки и инсекти кои доаѓаат со неа.
3. Барајте предел со високи дрвја – освен убава сенка, тие се и ваша заштита од непосакувани ѕиркачи (плус даваат дозвола за да бидете погласни)
4. Одете пополека – природата бара смиреност и опуштеност, затоа заборавете на quickie моментот
5. Носете поголем шатор – повеќе простор е секогаш добредојден
6. Дополнителна опрема за шаторот – доколку шаторот е со тенки прозирни ѕидови, а на агендата имате секс во природа, најдобро е да носите дополнителни материјали за покривање на тенките ѕидови доколку не сакате да имате настап во живо пред останатите шетачи
7. Хигиена – природата е убава, но е и хаосна. Затоа носете си потребни додатоци (пешкири, влажни марамици) за задржување на хигиената.
Џентлмен Магазин ФОТО: Unsplash