Се одржа и последниот настан од проектот „Заеднички темели“- соживотот во РСМ и ликот и делото на Мајка Тереза

Вчеравечер во дворот на ТВ21 се одржа и шестиот, воедно и последниот настан од проектот „Заеднички темели“. Овој последен настан беше на тема: „Соживотот во Македонија и ликот и делото на Мајка Тереза“.

Проектот „Заеднички темели“ кој е на тема: „Промоција на духот и културата на Албанската нација во креирањето на РСМ од нејзиното постоење до сега”, претставува дел од прославата на 30 годишнината од независноста на Северна Македонија.

На последниот настан којшто се одржа вчера во дворот на ТВ21, беше промовиран краткиот документарен филм кој беше на истата тема како и шестиот настан, односно: „Соживотот во Македонија и ликот и делото на Мајка Тереза“, во кој се зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните како дел од македонското мултикултурно општество; колку младите знаат да ги негуваат традицијата, историјата и убавините на живеењето; Како тешките моменти низ коишто имаме поминато во изминатите 30 години влијаело на развој на заедничката традиција и соживот.

Присутните имаа можност да го слушнат господинот Скендер Асани директорот на Институтот за културно наследство на Албанците (ИКНА) и професорот Емин Аземи кој е голем познавач на културата на Албанците и соживотот во Република Северна Македонија и автор е на краткиот документарен филм.

Настанот беше заокружен со коктел забава на која настапи познатата пејачка Туна Сејдиу. Краткиот документарен филм од настанот ќе биде прикажан во петок (27.08) на ТВ21.

Организаторите испраќаат огромна благодарност на сите кои беа дел од овој проект и кои ги следеа овие настани. Исто така, организаторите испраќаат голема благодарност и до Владата на Република Северна Македонија без која немаше да се одржи овој настан.

Leave a Reply

Your email address will not be published.