Синоним за снукер: Рони О’Саливен по седми пат е светски шампион во снукер

Рони О’Саливен ја освои својата рекордна седма титула светски шампион во снукер, откако вечерва го победи против Џад Трамп во Шефилд, со што стигна до овој посакуван трофеј.

46-годишниот О’Саливен по седми пат светски шапмпион во снукер по феноменалната победа на Џад Трамп. Со ова тој испиша историја. Импресивните и храбри потези беа пресудни за голема победа.

Тој го изедначи рекордот на Стив Хенри и стана најдобар снукер играч на сите времиња. Солзите радосници беа доказ за тоа колку многу е значајна оваа титула за популарниот „The rocket“, а џентлменската прегратска противникот Трамп беше доказ за каков снукер играч станува збор.

О‘Саливен е убедливо најпопуларен меѓу публиката заради неговите потези, но и неговиот темперамент. Вечерашната титула беше причина повеќе и стимул за неговите фанови ширум светот да пишуваат за него. Многу се пишуваше на Твитер, каде англичанецот ги собра симпатиите на публиката.

Твитер објава за титулите на О‘Саливен низ времето

Светската титула лани ја освои Марк Селби, но оваа година одново се врати во рацете на популарниот „The Rocket“! Вистинска доминација веќе 25 години.

Со оваа победа Рони О‘Саливен станува светски број 1 и доби парична награда.

Leave a Reply

Your email address will not be published.