Слатки задоволства и уште послатки награди на „Чоколенд“ во Веро

Веро и годинава традиционално го организира „Чоколенд“, најслаткиот настан во годината на кој потрошувачите може да ги најдат најдобрите понуди на омилените слатки задоволства по промотивни цени, а најсреќните потрошувачи ќе се засладат и со награди.

Наградната игра на „Чоколенд“ почнува денеска (10 декември) и трае до 19 декември. За да учествуваат во неа, потрошувачите треба да направат сметка над 200 денари од посебно означените производи во Веро маркетите. Со секоја таква сметка тие добиваат купон со кој учестуваат во извлекувањата за 300 слатки ваучери. Секој ден ќе се извлекуваат среќните добитници на по 10 ваучери од 500, 1.000 и 1.500 денари. Добитниците на наградите ќе се објавуваат секој ден на на профилите на социјалните мрежи Vero marketi.  

Чоколадната бајка во Веро традиционално изминатите години се организира во предновогодишниот период , со цел потрошувачите истовремено да уживаат во празничната магија и во омилените слатки вкусови кои се неизоставен дел од празнувањето. Богатата понуда на „Чоколенд“ нуди голем број чоколади, вафли, чоколадни кремови, бонбони, пралини и многу други слатки од најреномираните домашни и странски производители, кои се продаваат по специјални промотивни цени креирани за потрошувачите на Веро.   

Чоколадото е омиленото слатко задоволство на децата, но и на возрасните. Преку „Чоколенд“ во Веро успешно ја одржуваме традицијата на уживање во најразличните чоколадни вкусови во предновогодишниот период, но и креираме екстра задоволство од слатките награди за најсреќните добитници. Чоколадото го поттикнува создавањето на хормонот на среќа во човечкото тело, а ние во Веро креираме место во кое потрошувачите само треба да ѝ се препуштат на среќата и уживањето – истакнуваат од маркетинг-тимот на Веро.    

Leave a Reply

Your email address will not be published.