Совршена утринска рутина за почеток на денот

Голема е веројатноста дека вашите утра вклучуваат одложување на алармот, криење под покривката и правење сè за да не станете за на работа. Но има подобар начин да го започнете денот!

Едно нешто треба да ви биде повеќе од јасно, грешка што не смеете да си ја дозволите, а тоа е претходната ноќ останување до доцна!

Спиењето не е знак на слабост, туку најдобриот начин да останете свежи во текот на целиот ден, и е од суштинско значење кога ја планирате вашата утринска рутина.

Без доволно сон, денот ќе го започнете со ум кој не е 100% енергичен, во брзање, па дури и нервозни расправии без потреба, а решението мислите дека ќе го пронајдете во кафето, но тоа е погрешен чекор. Навистина е нездраво да се потпирате на кофеин за да го надминете лишувањето од сон.

Имајте за цел да спиете 7-8 часа навечер, квалитетниот сон е здрав организам, и безбедно исполнување на сите обврски.

Кој е клучот за успех?!

Денот започнете го  во 5 часот наутро. Паметниот телефон оставете го во друга соба, а во спалната поставете си нормален будилник на кој нема одложување на алармот.

Станете, направете неколку вежби за истегнување, истуширајте се, така побргу ќе се расоните, а и ќе му дадете на организмот свежина за престојниот ден. Подгответе си го омиленото кафе, а во меѓувреме облечете се.

Појадокот со семејството во утринските часови е многу важен сегмент кој треба да го негувате. Имате време да постигнете се, и да посветите време на вашите најмили, пред да го напуштите домот да ги однесете децата во школо и сопругата на работа, а воедно и вие да пристигнете на вашето работно место.

Кога ќе пристигнете на работното место, прв приоритет нека ви биде да го проверите распоредот за тој ден, пораки кои ви се непрочитани на кои треба да одговорите, и секако план за работите кои треба да ги завршите во текот на денот.

Кога плански ќе почнете да ги решавате работите, ќе заштедите на време, на енергија и секако нервоза. Она што ви оди од рака ставете го прво на списокот на задачи, бидејќи ќе ви одземе најмалку време, и додека да дојде пладне, веќе половина од задачите ќе ви бидат завршени.

Задолжително направете пауза за ручек, дали со сопругата, пријателите, колегите од работа, важно е да си дадете оддишка од работата барем половина час, како би можеле продуктивно да го завршите остатокот од работното попладне.

Имајте на ум дека утинските активности треба да ви претставуваат задоволство при извршувањето, само така ќе останете продуктивни и енергични во текот на целиот ден.  

Со среќа, господа!

Leave a Reply

Your email address will not be published.