Сплотено се радуваме на успехот на нашите спортисти! Да се потсетиме кои добија награда во категоријата „Маж со најголем придонес во спортот“ на настанот „Мажи на годината“

Спортот го обединува народот! Без оглед на етничката, верската, половата, родовата, навивачката припадност, со спортските победи сите барем за миг забораваме на секојдневните проблеми. 

Заедништвото кое доаѓа од националните успеси, и те како успева да нѐ направи горди на победите во црвено – жолтиот дрес. Спортистите со нивниот континуиран ангажман успеваат да нѐ направат среќни, да нѐ сплотат и да ни пренесат порака да бидеме сложни и солидарни и покрај разликите. Токму затоа, тимот на „Мажи на годината“ секоја година традицонално ја доделува наградата „Маж со најголем придонес во спортот“, а досега ова достигнување завршило во рацете на неколку професионалци.

На првото издание на настанот „Мажи на годината“ во 2018 година, оваа награда заврши во рацето на Кире Лазаров, кој во својата кариера има достигнато многу успеси како на национално, така и на клупско ниво. За Кире не треба многу да се зборува, сите знаеме дека тој се наоѓа на првото место на списокот на најмногу постигнати голови во рамките на Лигата на шампиони во ракомет, правејќи го еден од најдобрите ракометари во историјата. Многуте награди меѓу кои и оваа на настанот „Мажи на годината“ само ја крунисува неговата напорна работа.

Во 2019-та престижната награда за најголем придонес во спортот ја понесе „фудбалскиот бисер“ и момчето за кое зборува цела Европа, Елиф Елмас, кој сосема заслужено се закити со оваа награда и истата за него претставуваше мотивација за успех во понатамошната кариера.

На третото издание, во искучително тешката 2020-та година, оваа награда ја доделивме на она што беше единствена светла точка во годината кога започна светската пандемија, а тоа беше Фудбалската Федерација на Македонија. Сосема очекувано, истата заврши во рацете на тренерот Игор Ангеловски Мрме, кој успеа да внесе енергија, жар и страст за нови победи на националниот тим. Неуморниот стратег целосно заслужено ја понесе оваа награда, а истата година доајенот на македонската фудбалска репрезентација и човекот кој целата кариера ја помина со заложби за равој на фудбалот во нашата држава – Горан Пандев, ја доби главната награда „Маж на годината“.

Фудбалската федерација на Македонија со пласманот на европското првенство направи вистински бум во нашето општество, па затоа и 2021-та година наградата „Маж со најголем придонес во спортот“ заврши кај човекот кој стои зад успесите на националниот тим, Муамед Сејдини, претседателот на ФФМ, кој со доброто менаџирање успеа да направи кохезија и поврзаност меѓу фудбалерите, а донесе мудри одлуки кога истите беа најпотребни.

Оваа година одново, по петти јубилеен петти пат, во последната недела од ноември ќе се одржи гламурозниот настан „Мажи на годината“. Настанот прераснува во традиција и белег на македонските мажи кои придонесуваат во нашето општество. Ќе се доделат награди во повеќе категории, а една од нив ќе биде и „Маж со најголем придонес во спортот“ за кои имаме сериозна конкуренција меѓу многу луѓе кои неуморно работат во оваа дејност.

Подгответе се за овој јубилеен спектакл кој нѐ очекува во ноември, а тогаш заеднички ќе го прославиме успехот на мажите кои придонесуваат за поубаво општество за сите идни генерации.

Leave a Reply

Your email address will not be published.