Во една од првите епизоди од Џентлмен Магазин како гостин го имавме Пако Радовановиќ, познат архитект, кој потекнува од семејство кое е докажано во оваа област. Пако е човек кој е навистина посебен.
Како што вели он, Пако е човек кој е традиционален според неговата сопруга, но тоа му претставува комплимент, затоа што се доживува безвременски во неговиот стил, и тој стил ќе трае вечно. Како споредба, уште пред многу години носи еден бренд на наочари Персол, кој бил познат во времето кај постарата генерација на луѓе, но денеска овој бренд е доста комерцијализиран. И кога сме кај парфемите сеуште користи Aqua Di Parma. Го, цениме ова и можеме да кажеме дека се сложуваме комплетно со Пако на оваа тема.
Студирал во Италија, во Фиренца. Зборува дека е воодушевен од целата приказна за Фиренца и Италија. Убавината во таа земја е посебна. На прашањето што мисли за Италијанките, вели дека они се жени со стил. Знаат а истакнат она што им е најголема вредност. Ако имаат долги нозе, носат кратки суќни. Според Пако, балканот има многу поубави жени. Се слагаме со тебе Пако.
Човекот ја црпи својата инспирација од многу интересни работи. Од фотографии, од моментални чувства. Да се биде архитект е уметност. Патувал доста, има работено навистина многу проекти и надвор од државата. Кога патува сака да пробува јадења. Има пасија ко храната.
Посебно го издвои Пакистан и нивната култура на јадење со “мацкање” и искуството Така Така, или во превод “муда” од овен. Да убаво читате.
Навечер сака да седне да запали добра пура и да се напие Пино Ноар во друштво на сопругата..
И, да… многу важно. Пако покажа дека е маж со стил. Дојде во средена бела кошула со дворедно сако, и кремаста панталона со песок боја кондура патика. Вистински џентлмен од кој може да се научи.