Пеџа Тренд како што речиси сите го знаат и познаваат е човек кој со својата енергија и начин на живот буквално ќе ве освои. Тотално кул фраер кој ужива во својот филм и одлично го тера.
Зависник е од адреналинските спортови. Како што кажува во интервјуто за Џентлмен Магазин летото е резервирано за wake boarding или скијање на вода, зимата е за длабок снег и даската за бордање, а есента и пролетта се за корс мотор и возење по планини.

Пеџа од неодамна е родител и има два сина близнаци. Татковоството го има променето максимално, како што вели он. Сега веќе гаста во животот полека ја намалува пред се поради одгворноста како родител.
Многумина не знаеле, но Пеџа ја има една од најстарите Веспи кај нас. Подарок од неговиот татко. Како што зборува за Џентлмен Магазин, бегал дури од часови за да ја направи и сега ја нарекува своја лепотица.
Зависен е од мотори.

Во интервјуто, кое можете да го погледнете и онлајн, ќе слушнете дека една од најубавите работи во животот му е што не се дружи со луѓе кои му ја црпат енергијата.
Пеџа е човек кој важи за скопска урбана икона. Човек кој со години го креира и влијае на урбаниот живот. Пеџа е рол модел како треба да се оснесува еден млад човек.
