Топ машки модни трендови за пролет/лето 2022 година

Во изминатите две сезони, дизајнерите беа принудени да размислуваат креативно за тоа како да ги покажат своите колекции. Иако многумина решија да продолжат по овој нов пат, сезоната пролет/лето 2022 година го доживеа големото враќање на физичките ревии, здив на свеж воздух во модната индустрија.

Гардеробите беа несомнено дизајнирани да се поврзат со општествениот живот што ни недостасуваше во изминатите две години: нови примени за дизајн, живописни бои и забава со светкави панталони, одличен избор за на подиумот за танцување. Дрскоста на дизајнерите оваа сезона е непобитна.

Бермуди


Задолжителните бермуди од минатото лето се уште во тренд и оваа сезона. И пократките бермуди се дел од трендот оваа година, иако пожелно е да бидат подолги и не припиени до ногата.

Џемперот без ракави


Забележан и на улиците за време на Модната недела, џемперот без ракави, без разлика дали е со V или круг, стана хит. Прада презентираше модели со нежен стил, додека други куќи како Dior Men и Erdem го користеа ова плетено парче во секакви модели. Сонцето полека започнува, но не е време за само обични маици, размислете за оваа опција.

Силни бои


Оваа сезона размизлете за похрабра хроматска палета на бои од неонско зелена, до флуоресцентна розова и сина вооружена со смела желба за оптимистичко и колоритно лето. Тренд забележан кај JW Anderson, Louis Vuitton и Loewe.

Назад на црно


Покрај колоритното заживување ова лето, модата го потврдува и своето враќање на основите и класичната црна боја. Секогаш најдобар погодок за секаква пригода.

Масилинесто зелена


Оваа сезона, дизајнерите се враќаат на природата со своите колекции, враќање достојно во времето наназад на Марија Антоанета кога оваа боја беше тотален тренд. Овие бои се забележани во Fendi, Thebe Magugu и Ermenegildo Zegna.

Кожа


Кожата обично се носи во средината на сезоната. Овој пат, ги надминува предрасудите за време и просторот за да ја потврди својата новопронајдена летна аура во верзијата на панталони или дури и во тотален кожен аутфит.

Leave a Reply

Your email address will not be published.