Во ова брзо време, една од најважните работи е доброто кафе. Популарноста на кафето е пред се поради тоа што содржи кофеин кој не расонува и ни дава енергија. Сепак, кафето понекогаш знае негативно да влијае на нас. За да не биде така, еве три многу важни правила кои треба да ги следите.
Немојте да пиете кафе на празен стомак
Кафето понекогаш може да биде доста тешко за желудникот бидејќи соджи хлорогена киселина. Ако вашиот стомак е празен, зголемената желудечна киселина, може да го оштети желудникот и да донесе до зголемување на болките.
Кога јадете, почекајте 30 минути, па потоа напијте се кафе
Кога ќе јадете, не е паметно веднаш после тоа да пиете кафе. Почекајте 30 минути, па после тоа спремете го кафето.
Се препорачува да пиете еспресо
Според сите статистики кои може да се прочитаат, а сме пишувале и ние за тоа, еспресото е најдоброто кафе. Еспресото не е силно, силна е екстракцијата на кафе, богата со вкус и затоа многумина мислат дека е јако, прави тахикардија. Добро и квалитетно еспресо не ви прави тахикардии, потење за разлика од други видови на кафе. Колку подолго кафе, толку повеќе кофеин. Иако повеќето мислат дека ако во еспресото ставите повеќе вода, тоа ќе биде послабо, сепак не е така.