Туширајте се со ладна вода

Нема ништо подобро од топол туш после напорен работен ден. Иако топлата вода има свои предности, исто така има и ладната. Можеби ладниот туш не ви звучи на почеток пријатно, но тој има свои позитивни промени. Стистнете заби и застанете под туш ?

Секако, не мора да се туширате со ладна вода, за почеток добро е да користите и млака вода.

1. Шокантен фактор

Доколку не сте најхрабрата личност на светот и не сте навикнате да се туширате со ладна вода, можете слободно да пробате и со млака. Последните неколку минути од вашиот утрински туш поминете ги со ладна вода. Ладната вода ќе го крене вашиот адреналин, со што ќе имате повеќе енергија во текот на денот.

2. Подобро расположение

Туширањето со ладна вода го забрзува протокот на крвта во мозокот и го зголемува хормонот норепинерфин, кој природно го крева и подобрува расположението.

3. Поубава коса

Додека врелата вода е добра за организмот, таа не е добра за вашата коса. Миењето на косата со ладна вода ја задржува нејзината природна хидратација, ја прави косата посјајна и спречува пукнатини на врвовите.

4. Побрза циркулација

Промената од топла во ладна вода во текот на туширањето ја подобрува циркулацијата, бидејќи ги проширува крвните жили. Тоа може да спречи хипертензија, појава на проширени вени, кое ќе овозможи подобро да се чувствувате и да изгледате.

5. Побрз метаболизам

Ладната вода драматично го забрзува ритамот на метаболизмот, кое за крај ги согорува калориите. За ова вреди да ги стиснете малку забите, така ?

6. Мазна кожа

Туширањето со ладна вода го подобрува тонусот на кожата и порите, што ја прави кожата помазна. Се користи за спречување на проблеми со кожата, како што се акните.

7. Опуштени мускули

Сите знаеме дека на спорстките повреди секогаш се ставаат ладни облоги, но ладниот туш после спорт претставува полн погодок.

8. Подобар сон

Иако може да изгледа контрапродуктивно затоа што студениот туш го буди и го зголемува нивото на адреналин во телото, исто така делува и поспано, доколку се поминете со ладна вода пред спиење.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.