Убави, едноставни и весели декорации: Разубавете го вашиот дом во духот на велигденските празници (ВИДЕО)

Денеска е Велики Четврток, а овој ден е првиот од почетокот на празнувањето на Велигденските празници. Главен обичај при славењето што се изведува со посебно внимание на овој ден е вапцувањето на велигденските јајца. Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се расипат.

Но, сепак Велигден е многу повеќе од вапцање јајца, а да си го направиме поинтересен овој христијански празник останува на самите нас. Токму затоа, во продолжение ви претставуваме неколку идеи за да го направите овој Велигден навистина посебен и да го донесете велигденскиот дух во вашиот дом.

Велигденски венец

Сè започнува од надворешниот поглед на вашиот двор, тераса, врата, влезот на вашиот дом, а освен тоа можете да го закачите на вратите по собите.

Велигденска икебана

Додека сите заедно едвај го очекуваме велигденскиот ручек, размислуваме и како да ја разубавиме нашата троеза. Една, две или, пак, повеќе велигденски икебани можат навистина естетски да го надополнат и разубават неделниот ручек.

Свежо цвеќе

Цвеќињата внесуваат свежина и радост во домот, а пролетта е навистина прекрасно годишно време кое носи богат избор на туку што процутеното цвеќе кое никого не остава рамнодушен. Заокружете го велигденскиот изглед со многу пролетни бои и мириси.

За ова, а и многу повеќе можете да погледнете од видеото во продолжение:

Уживајте во овие празници и не заборавајте дека секогаш треба да се најде време за фамилијата бидејќи само така се негуваат вистинските вредности во животот!

Leave a Reply

Your email address will not be published.